56 Meѓународен саем за земјоделство и храна во Горна Радгона Словенија

 

Од 25 – 30 август во Горна Радгона  Словенија, ќе се одржи 56 Меѓународен саем за земјоделство и храна. Саемот се смета за еден од  најголемите и најважните  саеми од ваков вид во регионот.

Саемот АГРА 2018   година се очекува да б иде посетен од високи европски претсавници, министрти за земјоделство, бизнис претсатвници од сите континенти, истакнати бизнисмени професионалци, земјоделци, преработувачи  и потрошувачи.

Гледано низ бројки  се очекува на простор од 71 300 м 2, учество  да земат 1840  изложувачи   од 32 држави, а се очекува да  биде посетен од околу 120 000 посетители.

Под мотото  фестивал на новата генерација саемот ќе понуди нови бизниси и професионални вештини знаења и технологии од младата генерација  на производители и преработувачи.

Акцентот ќе биде ставен на  еколошкото  производство, органска храна, одржливо стопанисување со шумите, а ќе  биде претставена и современа земјоделска механизација.

Р.Македонија е земја партнер на саемот. АГРА 2018 нуди богата прграма тематски изложби. Стручни советувања и работилници.

 

Павлина Јовановска

Зелена берза

Share Button