АХВ: Пилешкото месо е безбедно за јадење

Во Македонија нема од бразилското пилешко со салмонела кое било откриено во соседна Албанија.

По откривањето и заплената на два контејнера односно 50 тони  пилешко месо со потекло од Бразил заразено со салмонела каде и претходно биле откриени и вратени други пет контејнери со 130 тони месо од Бразил, македонската Агенција за храна и ветеринарство врз основа на извршени лабораториски испитувања потврди дека во земјава целото пилешко месо увезено е безбедно.

Од почетокот на годинава во земјава е направен увоз на 14 милиони килограми пилешко од европски и балкански земји но и околу 3 милиони килограми пилешко е увезено и од Бразил од кое што се земаат редовно мостри и досега нема ниту една вратена пратка или уништена тврдат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Покрај ова тие ја следат и состојбата со болеста чума кај овците и козите која се појави во соседна Бугарија од каде е донесена забрана за увоз на овчко и козјо млеко и преработки како и на жива стока од Бугарија.

Ветеринарните власти со апел до сточарите ако забележат  некакви симптоми кај стадото веднаш да пријава кај ветеринар за навреме да се спречи евентуално ширење на било каква болест кај стоката.

За да се зголеми безбедност но и конкурентноста агенцијата за храна има помош од европски проект вреден 750 илјади евра кој се спроведе изминатите 18 месеци со цел  Јакнење на капацитетите за безбедност на храна што се важни и за заштита на здравјето на домашниот потрошувач но и како услови за извоз и приближување кон европските стандарди.

Share Button