Асоцијацијата на земјоделци се согласува дека производствената цена на пченицата е 9,14 денари за килограм

Асоцијацијата на земјоделци се согласува со пресметките на Минситерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дека производствената цена на пченицата изнесува 9,14 денари. Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев вели дека годинава се намалени приносите на лебното зрно, поради врнежите од дожд и невремто проследено со град.

-Приносите се мали, ние очекувавме просечните приноси да бидат над три тона, но временските прилики си го направија своето. Лани имаше суша, па немавме приноси, а сега имавме премногу дождови кои исто ги намалија приносите. Земјоделците ќе бидат задоволни доколку имаме и дополнителни субвенции, а ако останеме на оваа откупна цена ќе биде лошо. Ние не се откажуваме од вкупните 12 денари за килограм пченица од државата и мелничарите, изјави Шаклев.

Мерката на соседно Косово за зголемување на царината за овошјето и зеленчукот, кои се увезуваат во оваа земја, Шаклев ја нарече политичка и додаде дека нема да даде никакви резулати.

-Треба да оставиме пазарната економија да си го направи своето. Треба да се оди на орворени граници, на квалитет и конкурентност, а не да ги заштитуваме своите производи со политички мерки. Исти такви мерки може да предложи и нашата држава и тоа ќе оди во недоглед, посочи Шаклев и додаде дека со мерката нема да се постигне саканиот ефект.

Тој забележа дека се очекува од оваа мерка на Косово во екот на сеозната да трпат македонските производители на зеленчук и овошје, кои ќе мора да плаќаат повисоки царини, но и граѓаните на Косово, кои овие производи ќе ги купуваат по многу повисоки цени на пазарите.


 

a1on

Share Button