Авионска дезинсекција во Скопје на 8 и 9 септември

Авионска дезинсекција против комарци ќе биде извршена на подрачјето на Град Скопје на 8 и 9 септември во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат тоа, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Град Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Share Button