Авионско прскање против комарци во Чешиново Облешево

Општина Чешиново Облешево утре од пет до осум часот ќе го спроведе второто авионско третирање против комарците годинава.

Согласно програмата границата на третирање започнува од сливот на река Злетовица во река Брегалница, потоа по течението на река Брегалница до висина на селото Теранци, како и површините меѓу магистралниот пат М-5 и село Чешиново, почнувајки од село Уларци до село Облешево.

Со авионското третирање, како што информираат од општината, ќе бидат опфатени и населените места Жиганци, Соколарци, Спанчево, Бање, Уларци, Чешиново, Облешево, Бурилчево, Кучичино, Чифлик и Теранци.

Вкупната површина, која ќе биде третирана со авионското прскање против комарците изнесува 900 хектари.

Од општина Чешиново Облешево упатуваат апел до одгледувачите на пчелни семејства истите да ги заштитат пред и по авионското прскање најмалку 4 часа.

Share Button