Боровницата – исплатлив агробизнис

За оние кои немаат идеја за бизнис, боровницата може да биде вистински избор затоа што цената по која се продава не е за потценување.

Далибор Давидовиќ од општина Трговиште, Србија, раскажува дека во 2013 година засадил 500 садници боровница на површина од 0,2 хектари.

„На идеја дојдов затоа што во тој период општината помагаше,  даваше субвенции за земјоделство. Боровницата бара доста вода, бара прскање 4-5 пати за заштита и 3-4 пати прехрана со минерално  ѓубриво преку лист. Се бере од средината на јули до крајот на август, береме со семејството.  Еден килограм чини 4 евра и има обезбеден пласман. Кога би почнал од почеток, садницата чини од 3 до 5 евра, а полна родност има  по 7 години. Со тоа инвестицијата може да се поврати по 5-6 години“ – вели Давидовиќ.

Tој објаснува дека локалното население се интересира за оваа овошка, но засега поголема количина боровница нема. Давидовиќ вели дека идната година очекува поголема заработка.

„Една садница дава од 3 до 5 кг, а оваа година моите садници дадоа род од 2 кг. Ова ни е дополнителен приход, а се занимаваме и со други работи.  Имаме и еден хектар малини. Поголем дел од приходите ги остваруваме од работа во земјоделството затоа што во нашето место  нема фабрика и нема што да се работи“ – раскажува Давидовиќ.

Оваа oвошка е профитабилна, а Давидовиќ вели дека таа не може да успее на секаква почва и бара специфични климатски услови.

Боровницата на семејството Давидовиќ останува во Србија, бидејќи како што велат, побарувачката е поголема од понудата.

Share Button