fbpx
Вести

Чистење на одводните канали преку Програмата за развој

 

 

Во соработка со МЗШВ,  АД Водостопнаство подружницата Кумановско – липковско поле зпочна акција за чистење на одводните канали во Кумановско. Како што соопштуваат од министерството нафтата за машините е обезбезбедена од Владата на РМ, а машините се купени од  Програмата за развој на МЗШВ.

На оваа акција присуствуваше министерот  Љупчо Николовски кој посочи дека МЗШВ постојано дава поддршка на АД Водостопанство и нејзините подружници.

„Со околу 1 милион евра издвоени средства издвоени од Програмата за рурален равој во делот на инвестициите во водостопанството беше платена целокупно набавената механизација, која што се користи од страна на подружниците. Состојбата на АД Водостопанство не е одржлива . Ние тоа постојано го дискутираме во Владата и со делегацијата на ЕУ во следниот период ќе се наоѓаат долгорочни решенија во делот на трансформацијата и на подобрување на состојбата однсно ќе се наоѓа вистински модел кој ќе биде во служба на граѓаните и земјоделците“,изјави министерот Николовски.

Досега во куманосвкиот регион се исчестени над 4 километри речни корита односно реката Липковска од село Липково до село Опае. Во минатиот период се реализираа активности во регионот на Кочани и Струмица, а оваа година МЗШВ започна и со реализација на поголемите капитални проекти во водостопанската инфраструктура, кои во минатото беа закочени.

„Средствата кои со години биле предвидувани за капитални инвестиции на крајот на годината биле трансферирани во други проекти. Минатата година мораше да се платат заостанати долгови од проектот Скопје 2014 конкретно со 5 милиони евра само од ова министерство поради што сите постапки кои ги затековме не можеа да започна со реализација“, изјави министерот рече Николовски.

Николовски потенцираше дека МЗШВ инвестира 40 милиони евра за изградба на браната Коњско во Гевгелија, а обезбедени се 16-17 милиони евра за систем за наводнување односно за постапката од втората фаза од јужно-вардарска долина, за што градежните работи ќе започнат во септември, соопштуваат од министерството.

 

Павлина Јовановска

Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close