Данска е Кралство во кое што ништо не е скaпано, од гладна земја станала една од земјите со најефективна земјоделски индустрија

Да го цитирате Шекспир и денес да речете дека „нешто е гнило во Данската држава“, апсолутно не одговара на вистината. Земјата, со чијашто фудбалска репрезентација, Хрватска во осмина финале на Светското првенство во Русија, играше во неделата, на 1 јули, иако најмала Нордиска земја со 5,5 милиони жители, има модерно пазарно стопанство. Една е од најефективните земјоделски индустрии во светот. Животниот стандард, во таа најгусто населена земја во Северна Европа е многу висок, а данската круна е стабилна и врзана за еврото. Стопанството зависи од надворешната трговија и извозот, пред се на свинското месо, рибата и житариците..

И покрај скромната површина од околу 43.000 квадратни километри, извезуваат земјоделски производи и храна вредни 14,6 милијарди евра, што одговара на 3,4% од светскиот пазар на храна. Данските земјоделски производи се извезуваат во 150 земји. Но, не било така отсекогаш. Пред 150 години, земјата банкротирала и владеел глад. „Понекогаш работите мораат да одат лошо, за да дојдат на подобро“, раскажуваат Данците, кои го поминалее патот од земја на гладта до денешната, како што ја нарекуваат – прехранбена мека.

Водечки светски извозник на свинско месо

Данска е единствената земја во балтичкиот регион, која денес произведува тројно поголема количина на храна, од онаа што им е потребна. Добар процент од обработливото земјиште и умерената клима му одговараат на земјоделството, но многу напредната технологија и инфраструктурата во овој сектор, се тие кои ја направиле продуктивна во последните години. Иако, улогата на земјоделството во данското стопанство, континуирано се намалувала со порастот на индустријализацијата и стопанскиот развој, сепак е неопходно како извор на приходи, директен и индиректен извор на работни места и како снабдувач со секојдневните прехранбени производи.

Во Данска, сеуште доминираат семејните стопанства, но иако во првата половина на 20 век имала околу 200 000 поединечни фарми, со просек од 16 хектари, до 1997 година, станале околу 60 900 земјоделски стопанства во просек со 43,6 хектари. Со намалувањето на бројот на поединечните фарми, но со зголемувањето на големината на фармите, вистинскиот дански земјоделец, се повеќе се концентрира на една единствена гранка од развојот, а специјализираноста во животинското производствотство,  придонесло за помалку видови, но поголем број на стока.

Производството и извозот на свинско месо долго време се важен дел од данското земјоделство. Денес, произведуваат 30 милиони свињи годишно, а околу 85 % свинско месо се извезува, што Данска ја прави, водечки светски извозник на свинско месо. Пред 150 години се свртиле не преработка на свинско месо. Тоа го создало темелот на моменталниот статус на водечки светски извозник на свинско месо, базиран пред се на извозот на сланина во Британија. Во текот на тој период, развиле методи на одгледување и колење кои им осигурале силна глобална позиција во хигиена, раст и превенција од болести.

Данското производство на свињи, го карактеризира кооперативен состав, каде што земјоделците поседуваат кланици. Соработката постои во целиот производствен ланец, така што можат дасе исполнат барањата на пазарот, сигурноста на храната и ветериинарските стандарди се високи, а индустријата може да испорача голема количина конзистентни квалитетни производи, според спецификацијата на купувачите, по конкурентна цена. Тоа се клучевите на успехот на данскиот извоз на свинско месо.

Произведуваат околу 40% од вкупното производство на растително семе во ЕУ

Кризата во млечниот сектор, ја погодила и Данска, но вредноста на сите дански млечни извозни производи, изнесува вкупно 1,8 милијарди евра, годишно. Производството, сега се одвива на мал број, големи фарми. Во 2010 година околу 4100 земјоделски произведувачи, имале просечно 127 крави и млечна квота од 1142 тони. Тоа, данските фарми ги сместува помеѓу најголемите и најмодерните во Европа. Повеќе од половина крави живеат во модерни, отворени состави. Значителен број Данци, се занимаваат со овоштарство, а од 1995 имаат „Фестивал на овците“(Denmark sheepfest).

Данска е и голем извозник на земјоделски машини и опрема. Според FORA, одделот за истражување и анализа на данските компании за претприемништво и градежништво, данскиот земјоделски и прехранбен кластер се наоѓа помеѓу најголемите светски производители. Втор е по големина во Европа, после Бретања во Франција и вработува 175 000 луѓе. Водечки производител се на детелинско тревни мешвини, како и на хортикултурни семиња. Данските семенски производители, произведуваат околу 40% од вкупното производство на растително семе во ЕУ, а помеѓу најзначајните семиња се спанаќ, хризантема, зелка, билки и цвеќиња. Во Данска има околу 5000 семенски производители, што и не е за изненадување, затоа што климата одговара на производството на семе.

Законот за заштита на животната средина е во пораст во изминатата деценија, од кои некои имаат директно влијание на продуктивноста. Примерите, со голема нагласеност на шуми и паркови, значи дека за одредено земјиште мора да се отстрани идејата за користење во земјоделски цели. Новите ограничувања во врска со отстранувањето на отпадот и загадувањето, исто така ги принудиле некои земјоделци, да го ограничат или намалат производството. Но, потоа се пренасочиле на еко производство и Данска денес има најголемо пазарно влијание со еколошки производи во светот. И пазарот со млечни производи, јајца, зобно брашно, пченично брашно, моркови и банани, како и најпопуларните култури на пописот на данските еколошки потрошувачи, расте. Во 2017 година, околу 9 % од данското земјиште се користи за еколошко земјоделство, но процентот секојдневно се зголемува.

Таа е примарен снабдувач со новогодишни елки во Европа. Профитот од шумарството со години се инвестира во модернизација на индустријата. Државата е најголем сопственик на шумите, со една третина шумско земјиште под нејзина контрола. Остатокот е во сопственост на многу приватни компании, поединци и институции.

На почетокот на 90 те години од минатиот век, Данска беше меѓу водечките 10 до 15 риболовни земји на светот, која во 1993 година, уловила 1,6 милиони тони. Индустрискиот риболов (ловење риба за индустриска употреба, т.е производство на рибино брашно и масло) е најважна гранка на риболовот која сочинува околу 4 до 5 % од вкупниот извоз на Данска.

Примарни снабдувачи со новогодишни елки и љубители на пиво

Исто така, претставуваат најголем производител на кожа од куна. Данската кожа, односно крзно (покрај куни, одгледуваат лисици, клунари и зајаци) е најскапа на светскиот пазар, а најмногу ја извезуваат во Кина. Дури 1500 дански производители на крзно, произведуваат околу 19 илиони кожа од куни.

Пивото им е дел од данската култура во последните 5000 години. Денес, во Данска има повеќе од 100 пивари, а најстарите податоци за пивото во Данска, доаѓаат 2800 години пред Христос. До средниот век, жените во Данска го подготвувале пивото, но во 1525 година Копенхаген, како главен град на Кралството Данска, го формира својот прв производствен капацитет. Капацитетот, како здружение на мали пивари, имал задача, секој ден да произведува по 10 литри пиво по човек.

Најпознат Данец, е писателот на бајки, Ханс Кристијан Андерсен, но сега се ориентираме на Ериксен и Христиансен. Поврзано со фудбалот, данската репрезентација постои од 1908. Познати се како „Дански динамит“  и оваа не им е прва средба со Хрватска. Победувала Хрватска, но и губела, а хрватите особено ја паметат победата на Хрватска од 3:0 на Европското првенство во 1996 година во Англија.

Share Button