До 2020 близу 140 држави можат целосно да се електрифицираат од ветер, соларна енергија и вода

solarna

Повеќе од 70 проценти од земјите во светот – меѓу кои и Обединетото Кралство, САД, Кина и други најголеми економии – можат целосно да бидат напојувани од електрична енергија создадена од ветер, вода и сонце до 202 година, стои во патна карта направена од научници.

И тие истакнуваат дека ако се оди по тој пат, тоа нема само да значи дека светот би го избегнал глобалното загревање, туку ќе се спречат и милиони предвремени умирања и ќе се создадат 24 милиони нови работни места кои досега беа загубени.

Еден од научниците рече дека социјалната корист ако се следи нивната патна карта би биле „огромни“ и во суштина бесплатни ако денешните луѓе и општествата „ја забрзааат транзицијата кон ветер, вода и соларна енергија што е можно побрзо“.

Соларните панели на покривите и големите плантажи за соларна енергија; ветерници турбини поставени на и вон копно; бранови, хидроелектрични и шеми за плима; и геотермалната енергија исто би требало да се искористат да ги заменат фосилните горива за да се создава струја, да се движат возилата и да се загреваат домовите.

Обединетото Кралство наскоро ќе го објави својот План за редукција на емисиите на гасови, кој треба да даде насоки како Британија ќе ги исполни своите меѓународни обврски во борбата против климатските промени – до 2030 година да ги намали емисиите за 57 проценти под нивоата од 1990 година.

Иако ОК прави добар напредок кон генерацијата на декарбонизирана струја, секторите на транспортот и греењето на домовите остануваат проблематични.

Како дел од своите обиди да го подобри квалитетот на воздухот, владата најави дека ќе ја забрани продажбата на нови возила кои користат фосилни горива до 2040 година. Останува да видиме колку радикална ќе биде во поттикнувањето за престројување од греењето на гас кон нсико или нула јаглерод методи.

Со објавата во списанието Џули, тим на научници предводени од професор Марк Џејкобсон од Универзитетот Стенфорд во САД, предупредува дека влогот е голем.

– Сериозноста од загаденоста на воздухот, климата, и безбедносните енергетски проблеми низ светот бараат масивна, практично итна трансформација на светската енергетска инфраструктура на 100 проценти чиста, обновлива енергија и нула емисии на гасови, велат тие.

– На пример, секоја година четири до седум милиони луѓе умираат предвремено и уште стотици милиони се разболуваат од загадениот воздух, со што се создава огромна количина на болка и страдања која може речиси да се елиминира со енергетски систем со нула емисии на гасови. Исто така, избегнувањето покачувањето на температурата за 1,5 степени Целзиусови од прединдустриското доба бара не помалку од 80 проценти конверзија на енергетската инфраструктура кон енергија со нула емисија на гасови до 2030, и 100 проценти до 2050 година.

– Конечно, како што се намалуваат залихите на фосилни горива и расте нивната цена, економската, социјалната и политичката нестабилност можат исто да пораснат освен ако предвремено не се развие замена на енергетската инфраструктура.

Беа направени патни карти за 139 држави (од постоечките 195), за кои биле достапни информации за енергетските системи.

Тие „ја опишуваат иднината каде сите енергетски сектори се електрифицирани или користат топлина директно од постоечките технологии, побарувачката за енергија е помала заради повеќе фактори, и струјата се генерира 100 проценти од ветер, вода и сончеви зраци, велат научниците.

– Патните карти не се предвидување за тоа што може да се случи. Тие се предлог за државите како да го користат миксот на генератори ВВС (ветер, вода, сонце), и временска рамка како да се дојде до тоа, со што силно сметаме дека ќе ги реши климатските промени низ светот, загаденоста на воздухот, и проблемите со безбедноста на енергиите, додаваат тие.

Професорот Џакобсон, директор на програмата за атмосфера и енергија на Стенфорд, вели дека на политичките лидери им е потребно убедување дека транзициите кон економија со нула јаглерод диоксид ќе функционираат.

– И индивидуалци и влади можат да ги предводат овие промени. Законодавците вообичаено не сакаат да се обврзуваат да направат нешто освен ако нема логични научни докази кои ќе покажат дека е тоа можно, и дека е тоа она што ние се обидуваме да го направиме, рече тој. „Не велиме дека постои само еден пат за да го направиме ова, но ако има сценарио, тоа на луѓето ќе им даде насоки“.

Асистент истражувачот Марк Делучи додава: „Излегува дека можеме да постигнеме огромни социјални користи од системот со нула емисија на гасови, во основа по никаква цена. Нашите сознанија упатуваат дека користа е толку голема што треба да ја забрзаме транзицијата кон ветер, вода и соларна енергија, колку што е можно побрзо, со пензионирање на системите на фосилни горива што е можно поскоро“.

Истражувачите решиле да ја исклучат нуклеарната енергија, јагленот, биогоривата и биоенергијата од нивната визија за иднината.

За нуклеарната енергија, тие ги подвлекуваат ризиците од пролиферација на оружја и шансите од топење на централите.

– Денес не постои познат начин како да ги елиминираме овие ризици. Наспроти тоа, технологиите ВВС не нодат вакви ризици. Оттука, предлагаме и проценуваме систем за кои веруваме дека ќе обезбеди најголем еколошки користи со најмалку ризик, напишаа истражувачите.


 

а1он.мк

Share Button