До 2050 година во океанот може да има повеќе шишиња, отколку риба

otpad

Нивоата на рециклирање ширум светот се ниски и ако сегашните стапки се одржуваат до 2050 година, океанот ќе има повеќе пластика отколку риба. Ова го велат активистите кои учествувале во „Неделата на нулта отпад“. Тие посочуваат неколку начини на кои да го намалиме користењето на пластиката, која ја загадува планетата и предизвикува климатски промени, пренесе Ројтерс.

Предлозите вклучуваат употреба на стакло или метални сламки за еднократно користење. Причината е дека пластичните сламки се премногу мали за да бидат рециклирани и се меѓу најголемите загадувачи на плажите. Цигарите се најчестите загадувачи на животната средина. Активистите истакнуваат дека не се биоразградливи и се сметаат за токсичен отпад.

Се препорачува и да се користат чаши, шишиња и кеси за повеќекратна употреба, Според податоци на „Гардијан“ секојдневно во светот се купуваат по 1 милион пластични шишиња и исто толку чаши. Пластичните кеси се делумно или целосно забранети во над 40 земји во светот, последната од кои е Кенија.

Според податоците на Светската банка секој ден, секој произведува повеќе од 1 кг отпад, чија бројка се очекува да расте во текот на следните 15 години. Затоа активистите нудат повеќе луѓе да почнат да компостираат ѓубре. Според нив, кога отпадот се испраќа до депонијата, се ослободува метан – гас што е посилен од јаглеродниот диоксид кој придонесува за глобалното затоплување. Во исто време, компостот може да се користи за растење на цвеќиња, дрвја или храна.


 

стандард.мк

 

Share Button