fbpx
Вести

Домаќинките да не се грижат ќе има доволно пипер за ајвар

Откупната цена на ајварката годинава изнесува 18 денари за килограм. Оваа цена за земјоделците не е доволна и нема заработувачка. За нив исплатлива цена би била 20 денари за килограм и трите денари субвенции за секој предаден килограм

Годинава бербата на ајварката почна еден месец порано. Нејзината почетната откупна цена е 18 денари за прва класа која за земјоделците е мала и не ги покрива трошоците за производство. Земјоделците во последните години ја садат во пластеници, а на отворено ја има се помалку.
Земјоделците објаснуваат дека ајварката во пластеници стасува порано, но и трошоците се поголеми, а со тоа и производствена цена. Поради тоа, откупната цена од 18 денари за килограм за земјоделците не е доволна и нема заработувачка. За нив исплатлива цена би била 20 денари за килограм и трите денари субвенции за секој предаден килограм.
Интерес за црвената пиперка има и засега ја откупуваат преработувачките капацитети, но ја бараат и во странство.
– Иако календарски сезоната за подготовка на ајвар е идниот месец, сепак има интерес за црвената пиперка. Засега ја откупуваат производствените капацитети, но интерес има и од странство, велат производителите.
Годинава производството на оваа сорта пиперка е намалено за 10 илјади тони во споредба со лани кога родот изнесуваше скоро 60 илјади тони. И покрај тоа земјоделците уверуваат дека ќе има доволно пиперка за подготовка на ајварот.
Од вкупното производство преработувачите откупуваат 40 до 45 илјади, а пет до 10 илјади тони се продаваат на зелените пазари.
Во деновите кои доаѓаат се очекува да се зголеми побарувачката на зеленчукот, а особено на ајварката за подготовка на зимници, па земјоделците покрај на конзервните фабрики се надеваат и на добар пласман на тезгите на пазарите.
Минатата година и покрај тоа што откупната цена на ајварката беше 20 денари за килограм родот потфрли. Поради жешкото време и дождот уништени беа 90 проценти од површините со ајварка засадени на отворено.

 


 

vecer

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close