Дополнителни субвенции за лозарството

Лозарите годинава имаат право на дополнителни два денари субвенција за предадено винско грозје во домашните капацитети. За одржување на насадите, висината на финансиската поддршка е иста како и минатата година и изнесува 40 илјади денари по хектар.

Лозарите ќе добијат дополнителни два денари субвенција за килограм винско грозје.

Право на користење на овие пари ќе имаат земјоделците со лозови насади, остварено и предадено производство во регистрирани винарници.

И винските визби кои имаат насади имаат право на овие субвенции доколку грозјето го искористиле за сопствени потреби.

Без разлика на сортата лозарите и годинава ќе можат да користат и финансиска помош за оддржување на насадите.

По 40.000 денари за хектар ќе добиваат оние производители со површина од 2 декари до 5 хектари.

24.000 денари за лозјата до 30 хектари, и 12.000 денари за површина до 50 хектари.

За повеќе од 50 хектари субвенцијата изнесува 4.000 денари.

Share Button