Државата ќе дава субвенции за пренамена на стари куќи во апартмани за туристи

Државата ќе дава субвенции за домаќинставата кои селските куќи ќе ги претворат во туристички апартмани.

Аплицирањето за мерката ќе почне месецов и ќе биде по принципот прв дојден прв услужен.

Газдите ќе добијат назад 60% од трошоците за оваа намена, под услов тоа да не е повеќе од 3 000 евра по домаќинство. Објектот мора да биде уреден согласно традицијата  на крајот во кој што се наоѓа, како и да се служи храна вообичаена за тоа подрачје.

Целта на мерката е да се подобри туристичката понуда и да се  развие руралниот туризам.

Оние кои аплицираат ќе треба да докажат дека инвестирале за оваа намена.

Share Button