Едноставно размножување на хортензијата со резници

Хортензијата е род на 70 до 75 видови на скриеносеменици по потекло од јужна и источна Азија (Кина, Јапонија, Кореја, Хималаите и Индонезија) и Северна и Јужна Америка. Таа е листопадна украсна грмушка, раскошна убавица и драгоцен украс на дворот кој буди чувства на топлина, блискост, смиреност, хармонија, поттик и креативност.

Средината на летото е вистинското време да земете резници од грмушката на хортензијата. Размножувањето со резници е лесно и не е потребна посебна техника или опрема.

Грмушките на хортензијата со своите цветни глави ги разубавуваат дворовите во текот на целото лето. Овие украсни грмушки лесно се размножуваат со вегетативни резници, така што за следната година можете да имате подготвени садници на хортензијата, кои сами сте ги одгледале.

Размножување со резници

Средината на летото е вистинското време да земете резници од грмушката на хортензијата. За ваквото едноставно разможување не е потребна посебна техника и опрема. За успешно разможување, потребни ви се:

  • Резници
  • Ножици
  • Природен биостимулатор или хормон за закоренување
  • Саксија за цвеќиња
  • Покривна ќеса

За размножување користиме резници со добро развиени пупки во пазувите на листовите. Притоа, не го употребувајте највисокиот кат на парот листови, затоа што тука пупките (изданоците) се најслабо развиени. За формирање на резници, земете околу 15 см  гранче со 2 или 3 пара листови, каде што пупките се добро развиени.

Резниците формирајте ги, така што, под долниот пар листови ќе се направи благ кос рез, а листовите целосно ќе се отстранат. Кај другиот пар на листови се скратува на половина големина, а резот над листовите е рамен. Се остава околу 1 см стебло над горниот пар листови (види слика).

Употребата на природни биостимулатори или хормони за раст не е задолжителна, но тие можат да придонесат за успешност во закоренувањето и развојот на новите садници.

Вака подготвените резници, треба да се посадат на подготвена подлога под агол од 45°. Длабочината на садење е од 2 до 3 см. Долните пупки (долните изданоци) треба да бидат во земјата, како би се овозможило формирање на нов корен.

За подлога можеме да користиме песок, тресет, подлога за производство на садници, но и обична земја.

Не претерувајте со залевање

Посадената резница ја попрскуваме со вода и саксијата со резницата ја прекриваме со кеса или пластично шише. На овој начин ќе се сочува оптимална влага и ќе се создаде микроклима која позитивно ќе влијае на закоренувањето на резницата. Собната температура, од 20 до 25 °C е оптимална за закоренување. Температурата во текот на ноќта треба да биде малку помала. Редовно проверувајте ја влажноста на подлогата. Не треба да се претерува со залевање, затоа што постои опасност од распаѓање. Поради тоа, препорачливо е да се обезбеди и добра дренажа.

После еден месец, резниците на долниот дел ќе развијат нови корени, после што треба да се посадат во поединечни садови. Најдобро ќе растат под сенка.

Младите растенија треба редовно да се залеваат и да се чуваат да не замрзнат во текот на зимата, а следната пролет да се посадат на постојано место. За време на садењето, младото растение скратете го за 2/3. Тоа ќе овозможи подобро вкоренување и ќе го поттикне разгранувањето.

Share Button