fbpx
ВестиДвор и градинаМеханизацијаСовети

Ефикасно чистење на овоштарници со Husqvarna дувалки

Една од најбитните агротехнички мерки е собирање и елиминирање на лисната маса, бидејќи оставање на мртвата биомаса (пред се лисјата) го отежнува растот на билките, ја намалува моќта на поминување на водата во почвата, ги задржува корисните материи на самата површина на почвата, го забрзува развојот на штетниците и болестите, го отежнува развојот на кореновиот систем и слично. Собирање на отпаднатото лисје и неговото механичко уништување во голема мерка ја намалува популацијата на штетници кој што презимуваат во листовите.


Лисната маса може да се собира на повеќе начини и во повеќе фази а тоа може да биде комплициран процес а тоа зависи од самата конфигурација на теренот, состојбата на теренот, како и од самиот пристап на механизацијата. Собирање на лисната маса може да се направи во еден или во повеќе „налети“ и врз основ на ова се прави и поделба на механизацијата која што ќе се искористи за собирање на отпаднати листови.

Денес на пазарот може да се најде различна опрема со различни функции и со различна моќност. Современа механизација овозможува брзо и ефикасно собирање на листовите, а пред се не бара ангажирање на голем број на вработени во самиот процес на собирање. Со елиминација на штетници и болести од овоштарници и од лозови насади се обезбедуваат пониски трошоци на производниот процес а со тоа и поквалитетен и поевтин производ.

Од компанијата Husqvarna ни доаѓаат специјализирани, моќни и доверливи дувалки наменети за ефикасно собирање на отпадните листови. Можат да се носат на рака, да се носат на ранец, идеални се за чистење на тротоари, овоштарници и лозови насади. Компанијата Синпекс во својата понуда ги има сите модели на Husqvarna дувалки со различен начин на употреба и со различна моќност.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close