Европските собирачи на овошје ја избегнуваат Британија

Агенциите за регрутирање на персонал предупредуваат дека не можат да го обезбедат потребниот број на работници што ги бараат британските фарми за да го собираат овошјето и зеленчукот, објави „ВВС“.

Повеќе од половина од ангажираните фирми не успеаја да најдат работа сила дури и за време на традиционално „поспокојните“ први месеци од годината, соопшти Британската асоцијација на работодавачи.

Според Сојузот на национални фармери на Велика Британија во минатата година, бројот на сезонски работници што доаѓаа во земјата бележи пад од 17%. Ова остави дел од производството да гние во полињата. Роботи беа искористени за жетвата на јагоди.

99% од сезонските работници на британските фарми доаѓаат од Источна Европа. Две третини од нив се од Романија и од Бугарија.

Според ангажираните агенции, бројот на луѓе кои сакаат да работат во Велика Британија остро се намали по „Брегзит“. Друг проблем е амортизацијата на фунтата.

Британските земјоделци минатата година предупредија за тешкотиите со кои се соочуваат при обезбедувањето на персонал и, според последните извештаи, три четвртини од нив предвидуваат недостаток на нискоквалификувани работници во 2018-та година.

Некои земјоделци дури ги зголемуваат платите, бонусите, подобрените сместувачки капацитети и други бенефиции за да се обидат да привлечат повеќе странски работници.


 

денар

 

Share Button