Идеално овошје и зеленчук кое го има во јуни

Сезоната на свежо овошје и зеленчук е во ек, а пазарите се секој ден се пошарени и преполни со сочни плодови.

Не го пропуштајте овој период на витамински бомби и дознајте кои производи се идеални за употреба во јуни.

Цреши

Преполни се со антиоксиданси, а имаат многу малу калории. Одличен избор за јуни – единствениот месец во кој созреваат. Заради своите нутриенти кои ги содржат, црешите ни помагаат да ја победиме несоницата и го штитат нашето срце. Богати се со ликопен (црвен пигмент во плодот), витамин Ц и растителни влакна.

Краставица

Тие содржат дури 96 % вода во својот состав и го хидрираат нашиот организам како ретко кој друг плод. Исто така, богати се со витамините А, Ц, и К, а содржат и магнезиум, калиум и многу малку калории. Освен во салата, не заборавајте дека тие можат и да се варат и од нив да се спреми ладна супа.

Бамњи

Можеби не се толку популарни како црешните или краставиците, но се многу здрави и вкусни. И тие се богати со растителни влакна, витамините А, Б6, Ц и К, како и магнезиум и калиум. Може да ги спремите како вариво со месо или да ги поховате како што тоа го правите со тиквичките.

Јагоди

Вкусни и сочни јагодите во моментов се најбарани на пазарот, бидејќи трае нивната сезона. Јагодите имаат големо количество на витамин Ц и Б6, а само една шолја јагоди има само 49 калории. Јагодите се одлични за оние кои сакаат да симнат некој килограм, бидејќи имаат нутритивни состојки кои го забрзуваат метаболизмот, го намалуваат апетитот и го контролираат нивото на шеќер во крвта.

 

Тиквички

Во 100 гр свежи тиквички има само 16 калории, а богати се со витамини  и растителни влакна, осносно со манган и витамин Ц. Добар извор се на магнезиум, витамин А, калиум, фолна киселина, фосфор и витамин Б2. Може да се приготвуваат на многу начини, од комбинации со ориз, полнети тиквички или да ги поховате како палачинки.


 

црнобело

Share Button