Индексот на цените во земјоделството во јуни 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 8.0%, а кај аутпутот бележи зголемување од 4.6%

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јуни 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 8.0%, а кај аутпутот бележи зголемување од 4.6%.

Во јуни 2018 година, во споредба со јуни 2017 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 108.5, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101.2.

Во делот аутпут, во јуни 2018 година, во споредба со јуни 2017 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 104.1, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 105.7.

 


 

бизнисвести

Share Button