Информативен настан за советодавни услуги во земјоделството

Информативен настан за советодавни служби и услуги во земјоделството се одржа вчера на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ).

Го организира Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива во соработка со ФЗНХ, а целта е информирање на претпријатијата и сите останати чинители во системот на советодавни услуги во секторот земјоделство за предлог-законската регулатива од областа на советодавните услуги.

Се очекува настанот да поттикне дискусија за иницијативи што ќе придонесат за подобрување на текстот на законот, како и предлози и сугестии за придружната програма за советодавни услуги која е составен дел на предложената законска регулатива.

Најавени се воведни обраќања на министерот за земјоделство Љупчо Николовски, директорот на канцеларијата за општ развој на УСАИД Македонија Едвард Гонзалез, деканот на ФЗНХ Вјекослав Танасковиќ и директорот на ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал Љубомир Димовски.


 

а1он

Share Button