ЈАВЕН ПОВИК за барање за користење на средства за реализација на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони

Согласно Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.114/18), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за доставување на барање за користење на средства за реализација на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој

I. ПРЕДМЕТ
Предмет на овој јавен повик е реализација на средствата утврдени согласно Буџетот на Република Македонија за 2018 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 196/17) раздел 14001 – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, програма 3 – Земјоделство и рурален развој, потпрограма 30 Земјоделство, ставка 489 – Капитални субвенции за претпријатија и невладини организации во износ од 30.000.000,00 денари чии средства ќе се користат за субвенционирање на проекти кои имаат за цел подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност.

Додаток за превземање:
Share Button