ЈАВЕН ПОВИК за субвенции за туристички цели на селски домаќинства

povik

Министерството за економија согласно Програмата за развој на туризмот за 2018 година на РМ објави Јавен Повик за субвенции за туристички цели на селски домаќинства.

Право на учество имаат сите физички лица кои вршат угостителска дејност и кои се категоризирани согласно Правилникот на начинот и поблиските критериуми за добивање на ознаката во селските домаќинства во руралните средини.

Субвенционирањето ќе се врши преку кофинансирање до 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари, за трошоци настанати во периодот од 01.01.2018 година до крајниот рок на аплицирање.

Краен рок за пријавување е 30 септември 2018 година.

Повеќе информации на веб страната на Министерството за економија, на следниот ЛИНК.

Share Button