fbpx
ВестиТоп вести

ЈАВЕН ПОВИК за учество во пилотни активности за диверзификација и подобрување на ефикасноста на земјоделските стопанства во Македонија

Во  рамките на инструментот за претпристапна помош (ИПА Компонента 1), во јануари 2018, конзорциумот Еволуксер  во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започна со имплементација на проектот „Градење на основи за реформи во тутунскиот сектор“  финансиран од страна на Европската Унија.

Главната цел на овој проект е да придонесе во адаптирањето на тутунскиот сектор кон Заедничката земјоделска политика (ЗЗП)  и регулативата на ЕУ. Во насока на постигнување на главната цел, проектот е структуриран во  5 активности, од кои активноста број 3 има за цел спроведување на избор на учесници за  пилот активности, како што е опишано во продолжение:

Активност 3: Проектирање на пилот активности за диверсификација на приходите остварени од производството на тутун, со воведување на алтернативни култури и / или зголемување на ефикасноста на производството на тутун.

Повикот се однесува на земјоделски стопанства производители на тутун кои имаат сопствено или земјиште во владение и би сакале доброволно да земат учество во проектните активности, поточно во рамките наактивноста 3.

Поддршката за имплементација на пилотните активности ќе биде обезбедена од страна на проектот, преку ангажирање на експерти од областа кои ќе бидат задолжени за спроведување на активностите и вршење теренски надзор. Ќе бидат спроведени 40 пилот активности кои ќе се одвиваат во различни периоди од годината (2018/2019). Проектот ќе обезбеди семенски материјал, репроматеријали и секаков вид на други набавки кои се потребни за соодветно спроведување на пилотните активности.

Сите заинтересирани земјоделски стопанства / производители на тутун за дополнителни информации може да се обратат на следните телефонски броеви 02 / 3134-477, лок. 707,  и 02 / 3134-477, лок. 55.

Апликацијата за учество може да се преземе од веб-страниците каде што е објавена:

https://www.mzsv.gov.mk/, https://www.cfcd.finance.gov.mk/, https://agencija.gov.mk/или да се подигне во печатена форма директно од проектната канцеларија (220) во зградата на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Приемот и регистрацијата на пополнетите апликации ќе се вршат во проектната канцеларија, од 17 август до 17 септември, од 09.00 до 15.00 часот или да се испратат по пошта на адреса „Аминта Трети“ бр.2 -1000 Скопје, со назнака за учество во проектот „Градење на основа за реформи во тутунскиот сектор“- канцеларија бр.220.

Крајниот рок за поднесување на апликациите во печатена форма е 17 септември 2018 година, до 15:00 часот.

Документи за превземање

Јавен повик МК
Апликација МК
Public Announcement EN
Application EN
Public Announcement ALB
Application ALB

 


 

mzsv

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close