Kајсијата и бадемот ќе имаат помал род поради ниските температури

badem

Скоро во цела Македонија, посебно во житородните региони, има снежна покривка од шест до 20 сантиметри.

Ниските температури што ја зафатија Македонија нема да предизвикаат проблеми во земјоделството. На удар се само овошките, особено кајсијата и бадемот кои во некои делови од земјата веќе процветаа, но, како што велат агрометеоролозите, и кај нив не се очекуваат поголеми штети, само евентуално проретчување на родот.

Снежната покривка која некаде достигнува и до 50, па и 90 сантиметри, ќе ги заштити есенските посеви од ладниот бран, а на гарадинарите им се препорачува да преземат мерки за дополнително загревање на пластениците и оранжериите барем во среда кон четврток кога се очекуваат најниски темепратури.

– Процветаа бадемите и кајсиите долж Повардарието. Кај нив ќе има штети, посебно кај што нема снег. На гранките се задржува снег, но многу малку за да ги заштити цветовите. Издржливоста на ниски температури во затвроен цвет е минус четири, а на отворен минус два степена. Темпертури пониски од овие предизвикуваат штети. Затоа е многу битно колку ниските температури ќе потраат и дали (колку) ќе се повторат – вели за МИА агрометеорологот Ангелко Ангелески од УХМР.

Според него, есенските посеви почнаа со вегетација, а се вршеше и првото зимско прихранување.

– Скоро во цела Македонија, посебно во житородните региони, има снежна покривка од шест до 20 сантиметри. Токму таа ќе ги заштити посевите од пониските температури што се очекуваат утре вечер кон четврток сабајле, под минус десет степени. Од петок и за време на викендот снежната покривка треба да се стопи, а ќе имаме и повисоки температури – истакнува Ангелески.

Нивото на влагата во почвата е добро, врнежите само ќе го надополнат.

– Вода на културите допрва ќе им биде потребна со оглед на претстојната вегетација. Снегот, најмногу оној од планините, ќе ги наполни акумулациите, посебно вештачките кои се речиси празни – оценува агрометеорологот Ангелко Ангелески од УХМР.


 

плусинфо.мк

Share Button