fbpx
ВестиВкусот на традицијатаСовети

Капињада

Капините и шеќерот се ставаат на рингла и се варат додека не испуштат сок и шеќерот се растопи, па се гмечат со пасерка лажица.
Пудингот се раствора во 100 мл вода и се додава во сосот од капини. Се меша додека згусти.
Се трга од рингла и се додава маргаринот кој се меша дури се растопи и спои со смесата, па потоа слатката павлака.

Во сад 20х30 на дното се редат бисквити кратко потопени во млеко и врз нив се истура смесата од капини.

Се загрева слатката павлака без да врие, па се додава чоколадото искршено на коцки да се стопи во неа и на крај се додава кондензираното млеко. Се меша додека убаво се соедини и се трга од рингла на страна да олади. За побрзо ладење можи да го претурите во друг сад со не многу тесно дно.
Инстант пудингот се мати со 200 мл млеко и се миксира во оладената смеса од бело чоколадо.
Врз слојот од капини се редат повторно кратко намакани бисквити во млеко, па врз нив се премачкува смесата од бело чоколадо.
* Јас дното го наредив со бели бисквити, а другиот слој со црни за поафтентичен ефект на боите во слоеви.

За да го исшарате колачот одозгора можи да го направите тоа со стопено црно чоколадо или цврст чоколаден прелив и потоа со чепкалка да направите орнаменти.

Овој колач е убаво да стои во замрзнувач, лесно се сечи на коцки и скоро веднаш одмрзнува и е спремен за јадење.

 * Во близина на местото каде живеам има ливади и полиња каде растат убави капини. До пред 2 години сезонски два до три пати одев и си берев по кг-две, се додека еднаш не закачив еден трн на дланка и местото доби процес, па стигнав и до интервенција. Но, кога ќе соберев, ах која радост беше. Свој производ од собирање до креирање на десерт и слично со нив. Добар дел од децата во маало самостојно беа доброволци да ги товарам во кола и да доаѓаат да берат со мене. Со кој памет човече!? Среќа нив ни одблизу не им се случи таков дефект ко мене. Е затоа потоа престанав со таа наша тредиционална берба, а и децата веќе пораснаа и си имаа други интереси за занимација.
Зошто ви ја раскажувам оваа приказна? Па жешко ми е, ама и ме потсети на овие доживување кога пред пазарче стоеше еден изнемоштен постар чичко кој ги продаваше овие капини за кои кажа дека сам ги берел од подножјето на Пелистерот. Не знам зошто но ми падна жал за него, за неговата мака или изнемоштеност, разговаравме и го купив најголемото паковање од неговите капини, па дома како некогаш добив инспирација да си креирам сама десерт од нив. И верувајте, кога сам импровизираш и ја креативноста ти се разбуди на најјако (како сега од инспирацијава со приказнава погоре) и доколку таа креација не заврши во канта, тогаш е највкусниот десерт што си го пробал и лично ти создал од таа тема. А задоволството... ех, задоволството на квадрат хехе...

---


moirecepti
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close