Ќе има проблем со пласманот на пиперката ајварка

На месец дена пред официјалниот старт на бербата земјоделците стравуваат од можни проблеми во откупот на пиперката куртовска капија или познатата ајварка.  Основа за нивната загриженост биле големите количини  на готови производи кои преработувачите ги имале од  ланската сезона. Според  Драги Памуков од здружението Кукла градинар од Куклиш од ланското производство преработувачите  на залиха имале помеѓу 25 до 30% готов производ.  Токму овие количини според него би можеле да бидат проблем за откуп на новото производство и покрај тоа што годинава тоа било намалено  за околу 10%.

,, Лани ако имало некаде околу 60 000 тони, оваа година по нашите проценки има некаде околу 50.000 тони куртова капија. Ќе дојдеме во ситуација од 15 , 20 август да почнеме поинтензивно со бербите на кртовата капија и ќе дојдеме во ситуација преработувачкиот капацитет да неможе да ја прими секојдневната количина на производ и ќе дојдеме во ситација да се каже дека имаме хиперпродукција. За жал  мислам дека ќе немаме хиперпродукција,   само ќе ни ствара проблем онаа залиха која преработувачкиот капацитет  ја нема суште продадено.,, вели ДРАГИ ПАМУКОВ – ЗГ КУКЛА ГРАДИНАР ОД КУКЛИШ

За да не се повтори сликата со отанатите култури , од Кукла градинар јавно упатија апел до сите надлежни што побрзо да се организира заедничка средба почеѓу производителите, преработувачите и ресорното министерство. Велат време има, решнија може да се најдат, но треба да се делува навреме и превентивно.

,, Ќе се соочиме  како со зелката, ќе се соочиме како со доматот, како бостанот , како со многу производи кои што ќе неможеме да ги продадеме и ќе имаме нерентабилна цена. Затоа ги повикувам да седнеме на заедничка маса каде што ќе дискутираме отворено и да се соочиме со проблемите.,, вели ПАМУКОВ

Минатата година кутртовската капија се откупуваше по просечна цена од 12 до 13 денари која според земјоделците е нерентабилна и под нивните произвдствени трошоци.

Share Button