fbpx
Рурален туризам

Кораб

Кораб — планина во Западна Македонија, на границата со Албанија. На неа се наоѓа највисоката точка (врв) во Р. Македонија — Голем Кораб, со висина од 2.764 метри надморска височина. Кораб е планинска верига која се протега на правец север-југ.

korab 1

Традиционалното меѓународно искачување на Голем Кораб се одржува во почетокот на септември секоја година по повод 8 септември денот на независноста на Р.Македонија

Поради уникатните природни карактеристики, делот на планината кој влегува во границите на Македонија, во 1952 година е признаен како дел од националниот парк „Маврово“.

По Голем Кораб, планината Кораб има повеќе врвови преку 2000 метри надморска височина.

Необично забележливи се алпските предели на Кабаш, Рибничка Скала, Мал Кораб, Радомирски Врв и неколку други тешко проодни врвови. Во највисокиот дел, над 2000 m, климата е алпска и вклучува елементи од алпската флора. Според мислењето на голем број научници, Кораб е најубавиот планински релјеф во Македонија и пошироко.

20111221-korabski-vodopad

Корабскиот водопад на Длабока Река или водопадот на Длабока Река е највисок водопад во Македонија, а воедно и на Балканот со висина од над 130 метри (136 метри, ако се смета и висината на слапот во подножјето). Се јавува на вертикална карпа која е продолжение на стрмната источна страна на врвот Мал Кораб. Формиран е како последица на истекувањето на огромниот ледник кој го продлабочил горното корито на Длабока Река, пресекувајќи ја карпата на неговиот пат.

4-idei-za-ednodnevna-ekskurzija-za-1-maj-www.kafepauza.mk_

Водопадот јасно може да се види од далечина само во пролетните месеци и во почетокот на летото додека се топи снегот, кога количеството на вода е поголемо. Зимно време е комплетно замрзнат, а во доцните летни месеци и почетокот на есента останува да се полни со водата од неколкуте мали извори кои се наоѓаат веднаш под врвот Мал Кораб и во близина на Мало Корабско Езеро – количина на вода која поради големата вертикала можа да се забележи само од непосредна близина, но не и од далеку при што изгледа како да е пресушен. Поради непристапниот терен и краткиот временски интервал во кој што може да се посети, многу малку луѓе имаат можност да го видат во својот полн сјај. Најдобар период за посета е месецот јуни кога снегот нема да претставува голема пречка за да се стигне до водопадот, а и поради топењето на преостанатиот снег количеството на вода е релативно големо.

13

На македонска територија Кораб има 8 постојани и десетина повремени леднички езера, додека нешто помал број има на албанската страна.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close