fbpx
ВестиМеханизацијаСовети

Кратки тањирачи за брзо и интензивно мешање на земјата

Економското согледување на времето, заштедата на време и средства, ефикасноста во работата и резултатите кои ќе произлезат од склопот на овие мерки, претставуваат иднина во работата на земјоделството и современо решение на големите и современите земјоделци.
За постигнување на современите погледи и постигнување на идеалното решение, потребни се современи машини и прецизен начин на работа.


Кратките тањирачи од програмата на Vogel&Noot претставуваат последен збор на технологијата кога се мисли на извршување на работа за плитка постжетвена обработка, преорување на стрништа, преджетвена обработка, порамнување и ефикасно набивање на структурата на земјата.

Vogel&Noot кратките тањирачи се изработени од современи висококвалитетни материјали. Основен елемент се подмачканите затворени ЅКР лагери кај дисковите, со тројно затворање, дворедни и без одржување, кај кои можноста од навлегување на влага и прашина е 100% отфрлена. Друга предност кај дисковите е нивната самостојност при работата. Секој е на своја основа и работи индивидуално и може да се штелува во зависност од потребата. На основата врз која се поставени има гумени елементи кои се осигурување од преоптоварување и осигурување од камења и удари.

„Тера диск” кратките тањирачи се со опција на работна зафатнина од 3 до 6 метра, во влечена и носена варијанта, од 24 до 48 дискови, Ф 510 мм, тежина во зависност од изборот на валјакот: Терапак, Пакер или валјак со гумени прстени. Нагодувањето на длабочината се врши механички или хидраулично. Транспортната ширина на сите модели е 3 до 4 метри. Како додатна опрема во понудата има: осветлување, сопирачки и опруги за распределба на растителните остатоци.

„Тера диск” тањирачите овозможуваат брзо и интензивно мешање на земјата, голем работен учинок, мал влечен отпор, заштеда на гориво, создавање на идеална основа за ‘ртење на семињата, имаат заштита од камења, нема одржување на лагерите и имаат огромен ефект врз целокупната економичност при работата.
Vogel&Noot е дел од реномираните брендови од палетата на „Синпекс” ДОО Битола и препознатлив бренд на земјоделските површини во Р. Македонија.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close