Лебот нема да поскапи годинава

leb

Премиерот Зоран Заев не очекува да поскапи лебот годинава, поради проблемите со мелничарите. „Не очекувам поради тоа што се надевам дека продуктивноста ќе биде соодветна, ќе има доволна понуда, државата мора да интервенира. Јас на решението гледам преку модерните мерки кои што ги употребуваат земјите, а тоа се складишните белешки како вредносни хартии, кои што ги користат многу европски земји, многу земји производители на жито“, рече Заев при посетата на Скопскиот аквадукт.

Според него, се работи за можност кога преку давање на складишна белешка од страна на државните институции, самите производители ќе можат дел од тие складишни белешки да ги уновчат поради сеидбената сезона, а всушност да се случи продажбата на житото тогаш кога цената е повисока, а тоа е веќе есента.

„Таквите механизми се решение на таквата проблематика, за да можеме, и да бидат доволно задоволни и доволно мотивирани производителите на жито, а секако тоа да нема влијание врз севкупната цена на лебот“, додаде тој.

 


 

макфакс.ком.мк.

Share Button