Лоша година за насадите со јаболка

Две многу лоши години по ред за јаболкопроизводителите. Годинава насадите прво настрадаа од доцните пролетни мразови, а неодамна градот го десеткува она што беше останато од родот. Годишно во просек од јаболката се добиваат 125.000 тони, а сега месец дена пред почетокот на бербата скоро и да нема што да се собере.

Доцните пролетните мразови и неодамнешниот град го уништија родот на јаболкото во ресенско. Од просечните 125.000 тони годишно, оваа берба се очекува да се наберат едвај 10 проценти.

Ако минаната година на јаболкопроизводителите главен проблем им беше пласманот сега се во неизвесност како ќе ги зачуваат овошките кога немаат што да продадат и од каде да заработат пари.

Земјоделците не успеаја и оваа година да ги осигураат овоштарниците поради недостигот на средства од слабиот пласман лани кој немаше ни добар род ни добра откупна цена.

Голем проблем исто така е и немањето доволно ладилници за чување на јаболката за продажба кога на пазарот ќе се постигнат повисоки цени. Потрошувачката на јаболка на домашниот пазар е многу мала и изнесува од 25-30 проценти од вкупното производство, а останатото се надополнува со извозот кој носи и од 15 милиони евра годишно.

Share Button