Лозарство – земјоделски календар за месец јуни

Уште на самиот почеток од месецот се почнува со филизење. Се отстрануваат вишокот леторасти во почетокот на нивниот раст. На овој начин се регулира бројот на леторастите, се обезбедува подобар раст и подобро зреење на прачките, се олеснува борбата против различните болести и штетници, се подготвува лозата за наредната резидба и се регулира соодносот помеѓу родните и неродните леторасти.

Основни правила при филизењето се: филизењето се врши на реса, за да се разграничат родните од неродни леторасти, од плодните прачки се отстрануваат вишокот неплодни леторасти, притоа задржувајки се на сооднос 2:1 за радни леторасти.

Стискање се отстранува врвот на прачката 1-2см или 1-2 неразвиени листови.Целта е да се намали одливот на ресите во мустаќи. Ова се врши рано, веднаш откако ќе се појават ресите. Исто така оваа мерка помага хранливите материи да се насочат до ресите.

Кршење се отстрануваат зголемените врвови на леторастите заедно со 5-6, најмногу до 8 неразвиени листови.

Лачење се отстрануваат целосно или делумно страничните леторасти, кои што потекнуваат од летните очи на главниот летораст.

Сечење на кората на леторастите првенствено се примеува кај трпезната сорта Болгар со цел забрзување на созревањето, за зголемување на големината на зрната и за зголемување на квалитетот на грозјето. Сечењето на кората на леторастите се врши малку пред ресата со цел хранливите материи кои што доаѓаат од врвовите на леторастите да не преминуваат кон стеблото, туку да ја нахранат ресата односно гроздовите.

Овој период убаво е да се изврши плитка обработка на почвата. Исто така се води грижа за новите лози. Потребно е да се внимава и на почвата околу пенушките и доколку е поткопана или оштетена од дождовите треба да се корегира и да се надополни.

Кон крајот на месецот почвата околу младите лози се разровкува и се отстрануваат т.н росни корени.

Во текот на овај месец потребно е да се следи и појавата на болести и штетници и да се третираат со соодветни, дозволени фунгициди, инсектициди и акарациди.

Share Button