Максималната откупна цена на пченицата е 8,5 денари – податоците на МЗШВ се дезинформација

Земјоделците ги оценуваат како дезинформации објавените податоци од Министерството за земјоделие во однос на откупната и производната цена на пченицата и просечните приноси. Првиот човек на Асоциајцијата на земјоделците тврди дека по разговорите со производителите од житните региони, сите потврдиле дека откупната цена е многу помала од 10 и пол денари, колку што тврдат од министерството.

– Откупната цена се движи од 7 до 8 и пол денари, а производната цена ни е 10 денари. Од тука, планиравме и се надевавме, затоа што производната цена е поголема од откупната, како и минатите години што правевме, да побараме околу 2 денари по килограм за  продадена пченица и јачмен (јачменот да не го забораваме) или тоа во просек да биде по 6000 денари по хектар, како што добивавме претходните неколку години дополнителни субвенции.

Шаклев се сомнева и во податоците на ресорното министерство, врз база на кои пресметале дека прозводната цена е 9,15 денари, а откупната 10, 5, што значи дека земјоделците се во добивка, а не во загуба, како што говорат податоците од терен.

– Што значи дека имаме денар и половина профит, а штом имаме профит, немаме врз основа на што да бараме дополнителни субвенции, додаде Шаклев

Во однос на просечните приноси, точно е вели Шаклев, дека на почетокот од жетвата се очекуваше рекордна реколта, меѓутоа градот и обилните врнежи од дожд значително го намалија производството на просечни 3 тони по хектар, што е помалку од информацијата на министерството за ожнеани 3 и пол тони пченица.

 


 

сител

Share Button