Министерот Николовски во Израел на средби со компании од агро сектор и научно истражувачки центри

nikoloski

Како дел од владината делегација во Израел, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска оствари средби со компании од израелскиот агро сектор и научно истражувачки центри.

Тој се сретна со преставници на Tahal, Volcani Institute и NaanDan Jain Irrigation. На средбите министерот се запозна со најмодерните технологии за земјоделско производство и наводнување.

– Израел, ќе биде силен партнер во нашите планови за модернизирање на македонското земјоделство преку едукација, трансфер на знаење, засилена билатерална соработка и конкретни инвестициски чекори. Овие средби се одлична можност да се запознаеме и да искористиме искуства, кои ќе ни помогнат за развој на македонското земјоделство. Особено се добредојдени искуствата на Израел, во делот на наводнување, потенцира Николовски.


 

бриф.мк

 

Share Button