На етикетата сочно овошје, во производот ни ,, о,, од него

Организацијата на потрошувачи на Макеоднија во кампања со Агеницајата за храна и ветеринарство ќе истражува и објавува прекршувања на законите преку измамничко означување

На етикетата сочно овошје, во производот ни трага од него. Ова е само една од измамите што ги откриле организациите на потрошувачи на 10 земји од Европската Унија кои истражувале кои ознаки производителите најчесто ги користат при рекламирање за да ги продадат храната или пијалакот.

Поради ваквото однесување на производителите Организацијата на потрошувачи на Македонија ги повикува потрошувачите да и доставуваат информации за производи за кои сметаат дека има прекумерни и невистинити тврдења за состојките или, пак, тие се невистинито прикажани со слики.

– Организацијата на потрошувачи на Македонија, како членка на Европската организација на потрошувачите – БЕУЦ, се залага за јасно и вистинито означување на храната и апелира до производителите и трговците да проверуваат колку се вистинити информациите на етикетите и во рекламирањето. Во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, ќе истражуваме и објавуваме прекршувања на законите преку измамничко означување, велат во Организацијата на потрошувачи на Македонија.

Истражувањето на 10-те членки на БЕУЦ, кое ја мотивира ОПМ на ваква кампања покажало дека освен трикот со храната во која нема или има сосема малку овошје да се претставува како да е полна со него, производителите имаат и други, со кои ги намамуваат граѓаните да ги купуваат нивните производи. Дел од нив се атрактивните описи или слики кои имаат мала или немаат никаква врска со храната, односно пијалакот, или со нивниот производствен процес, потоа селективна промоција на скапи состојки на предниот дел од амбалажата, кога реално, присуството на такви состојки е на ниско ниво, како и промовирање на производите како целите да се од жито, а него всушност воопшто не го содржат.

– Истражувањата што ги спровеле холандската организација на потрошувачи Комсументенбонд и германската ВЗБВ покажале дека 85 отсто од потрошувачите во Холандија и 84 отсто од потрошувачите во Германија не им веруваат на ознаките за храна. Кога ја почнала кампањата против лажно означување на храната, холандската Консументенбонд за само еден месец собрала 24.000 потписи. Шпанската организација на потрошувачи, исто така, објави петиција против лажното означување која веќе има 10.000 потписи, информираат од ОПМ.

БЕУЦ во својот извештај за означување на храната и трикови во трговијата наведува дека ознаките се клучна алатка за комуникација на прехранбените компании со потрошувачите, кои можат да очекуваат дека информациите што се пренесуваат на етикетата се вистинити и точни.

– Потрошувачите во ЕУ, на национално ниво и како членки на БЕУЦ, водат грижа за овој проблем и сакаат да биде преземена акција против лажните ознаки за храна. БЕУЦ повикува на појасни правила за означување на производи за исхрана и пијалаци, како и за нивно ефикасно спроведување, за да се избегне измама на потрошувачите за вистинската природа на храната и на пијалакот што го купуваат, апелира БЕУЦ.

Европската потрошувачка организација ги повикува и потрошувачите да и доставуваат информации за производи за кои сметаат дека има прекумерни и невистинити тврдења за состојките или, пак, тие се невистинито прикажани со слики.

 


 

вечер

 

Share Button