Неизвесен откупот на житните култури

zito

Почнува жетвата на житните култури, од понеделник ќе се жнее јачменот, а земјоделците се уште официјално не знаат по која цена ќе им се откупува. Најавената цена од шест денари е срамна и неприфатлива, сметаат од Асоцијацијата на земјоделци. Првата средба за проблемов ја имале во Mиниистерството за земјоделство. Бараат да се понуди решение добро и за нив и за мелничарите.

Шаклев вели дека најавите кои пристигнуваат од мелничарите дека ќе го стагнираат откупот, го доведува во прашање и складирањето на родот, со што директно ќе влијае и на откупната цена.

За разлика од минатата година, кога се жнееше, приносите на сточната храна или јачменот изнесува едвај и по 1.000 килограми од хектар, земјоделците годинава очекуваат да соберат богат род. Приносите ќе им се движат над просекот од 3.000 килограми.

Вицепремиерот Анѓушев денеска најави дека во наредниот период ќе се предложат мерки кои ќе бидат пополволни за земјоделските производители.


 

телма

Share Button