Обработливата површина на основното прехрамбено средство во светот е намалено за 30 отсто во Македонија

За 30% се намалени површините со пченица за разлика во однос на минатата година. Откако ќе се одбијат трошоците за превоз, откупната цена од осум денари е многу ниска, се жалат производителите на пченица. Бараат од владата да се изврши интервентен откуп.

Македонија веќе неколку години не може да ги задоволи своите потребите. Поради тоа државата мора да увезува пченица и брашно од соседните земји. Причината за ниската откупна цена, земјоделците ја гледаат токму во големиот увоз. Сепак, зад камерата признаваат дека има диви откупувачи од Грција кои нудат повисоки цени.

Македонија во моментов има најниска откупна цена во регионот.

Површините со пченица се помали, бидејќи трошоците за производство се зголемуваат, а откупните цени се намалуваат. Годинава се очекува родот на пченица да биде околу 200.000 тони. Од Сојузот на земјоделци бараат итна средба со премиерот.

Доколку оваа состојба не биде решена од Сојузот на земјоделци велат дека површините засеани со пченица ќе се намалуваат, а тоа ќе доведе до уште поголем увоз на пченица и брашно во државата, односно ќе станеме увозно зависни за пченица која претставува основна храна во нашата држава.

Од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство велат дека со одлука на владата е распишан тендер за набавка на пченица кој трае до 15-ти авуст и дека е зголемено субвенционирањето. Од министерството додаваат дека ќе дадат и субвенции за секој регистриран откупувач од 1 денар за кг откупена пченица, доколку ја плати пченицата на земјоделецот до 15 декември 2018 година.

Додека се решат проблемите на земјоделците во житото уживаат само најмладите.


 

фактор

Share Button