Општина Карбинци ќе го развива руралниот туризам

Општина Карбинци и ПД „Лисец“ аплицираат за средства во висина од 380 000 евра преку програмата за развој на руралниот туризам на Светска банка. Скоро половина од средствата ќе бидат наменети за изградба на асфалтен пристапен пат до планинарскиот дом „Вртешка“, сместен во пазувите на планината Плачковица на надморска височина од 1100 метри. Дополнителни 50 000 евра се потребни за реконструкција и надградба на планинарскиот дом.

– Со тоа ќе се постигне зголемување на сместувачкиот капацитет, кој сега изнесува 40 легла. Со реконструкцијата и адаптацијата би добиле некаде околу 120 легла, за претстој на исто толку туристи, изјави Јордан Насев

Најголем куриозитет на овие простори, би била изградбата на вештачката карпа за меѓународни натпреварувања во алпинизам. Во проектот за оваа намена се предвидени 66 000 евра.

– Ќе биде со импозантни димензии, по големина можеби во Македонија и најголема, која вештачка карпа ќе биде со пропратни содржини за следење на натпреварите, односно трибини-додаде Насев

Ќе се гради и повеќенаменско игралиште, а за целиот овој комплекс да функционира во лете и во зима, ќе се набави ровокопач и товарач за одржување на патната инфраструктура во планинскиот предел. Општината учествува со 20 000 евра сопствени средства за поставување на соодветна сигнализација и билборди за полесно снаоѓање на посетителите.


 

сител

Share Button