Откупениот зеленчук да се исплаќа за 15 дена

piperki

Земјоделските здруженија од струмичко бараат скратување на рокот за исплата на откупениот зеленчук бидејки земјоделците чекаат и со месеци да си ги добијат парите.  Според нив инспекциските служби треба да ги зајакнат контролите кај откупувачите и трговците во делот на исплатата  или да се направи измена во законската регулатива  откупеното производство да се исплаќа во рок од 15 дена  бараат од Сојузот на синдикатите на земјоделски производители.

„Мислам неминовно е новата Влада со посебен законски режим да изнајде решение во што пократок временски рок се исплаќаат средства за нашите земјоделски производители, затоа што ако сакаме да имаме зголемување во циклусот на производство неминовно е средствата на нашиот земјоделски производител на база на продадени земјоделски производ да бидат исплатени барем до 15 дена, бидејќи земјоделскиот производител при фазата на производство се  плаќа во готово“, вели Ристо Велков- Сојуз на синдикати на земјоделци.

Во струмичко има земјоделци кои се уште ги немат добиено парите од ланските предадени  пиперки тврдат од Сојузот на земјоделци. Ванчо Митев вели дека земјоделците финансиски се немоќни своите побарувања  да ги бараат пред суд и затоа мора секој откупувач да има банкарска гаранција.

„Ние бараме исплатата за земјоделското производство да оди линеарно во рок од 15 дена. Имаше една иницијатива од бившиот министер, софтверско решение да се вгради и кантарските белешки да се укинат. Значи компјутерски да се гледа кој кога откупува и кога го плаќа производството. Мислам дека се катастрофални последиците, земјоделците чекаат и по една година пари“, вели Ванчо Митев – РЦ Сојуз на земјоделци.

Исплатата на откупените земјоделски производи , откупувачот е должен да го изврши во рок од 30 дена од денот на откупува стои во законот за земјоделство кој  дава можност и за авансно исплакање  на откупениот зеленчук во рок од половина година .Законот предвидува земјоделците и откупувачите да склучуваат договори што во пракса ретко се случува  па правата и обврските на двете страни воопшто не се регулирани.


 

бриф.мк

Share Button