Песок наместо слама – постилка на подот за кравите

Во најбогатите и најразвиени земји во светот, сламата како покривка на подлогата во шталите, се повеќе се заменува со песок. Според достапните информации, преку 50% фарми во САД, користат песок, наместо слама за покривка на подот (постилка). Што велат експерите?

Долго време, сламата била единствената постилка за молзните крави. Таа се покажала како одлично решение. Но, доброто решение, тешко е да се замени со подобро. Бројот на молзните крави во светот се зголемува, а сточарите не се секогаш и полјоделци, кои преку својата нива ќе обезбедат доволна количина на слама за целата година. Горан Јоксиќ, советник за сточарство, вели дека во поново време се појавила идејата, песокта да биде одлично решение за постилка.

Песокта го впива амонијакот – се чисти со вода

„Песокта се покажала како многу добар впивач на амонијакот, што претставува одлична можност за подобрување на микроклимата во шталите. Второ, тоа е материјал кој може да се користи значително подолго од сламата. Всушност, песокта немора да се менува секојдневно како сламата. Напротив, може да се употребува неограничено. Доволно е да се исчисти песокта, односно да се измие со вода. После неколку часа, кога ќе се исуши песокта, повторно се враќа на лежиштето. Практично, губитоците на песокта се минимални, објаснува Јоксиќ.

Во шталите се прави наклон од 2%

Овој вид на постилка (подлога) бара малку поинаква градба (конструкција). Кога се ѕида објектот, мора да се има предвид дека наклонот на подот треба да биде околу 2%.  „Потребен е песочен слој од околу 25 сантиметри. Се распостила (се шири) низ целата површина на лежиштето и доволно е да се чисти еднаш неделно. Во Америка, песокта, како постилка се користи на околу 50 % од фармите, а ваквиот начин се покажал како одлично решение. Кравите со задоволство лежат на него. Иако, употребата на песокта како постилка на подот е во зачеток, овој начин во иднина ќе биде еден од примарните видови на постилки во млечното говедарство, како кај слободните, така и кај кравите кои се одгледуваат врзани во фармите“, вели Горан Јоксиќ.

Покривката од гума неудобна за кравите

Количината на пченичната слама низ годините е ограничена, додека јачменовата и ржаната слама се неудобни за вимето. Сточарите се обидувале со куси гумирани лежишта, за што користеле постилки од гуми. За таа цел, испробале различни модификации од гуми, како што се душеци наполнати со вода,  воздух или вакумирани душеци. Но, се тоа не било доволно добро и соодветно за кравите, на кои сламата, сепак им била најудобна.

 

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Share Button