Потпишување на Рамковната програма на ФАО за Македонија 2018 – 2020

Во Владата на Република Македонија денеска ќе бидат потпишани Програмската рамка на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) за Република Македонија (2018-2020) и Првиот проект имплементиран од ФАО за Република Македонија, финансиран од Програмата за подготвителна поддршка на Зелениот климатски фонд.

Договорите ќе ги потпишат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски од македонска страна, како и помошник-генералниот директор на ФАО и одговорно лице за Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија, Владимир Олегович Ракхманин.


 

a1on

Share Button