fbpx
ВестиСовети

Препораки и мерки за заштита на лозјето

Температурните промени, проследени со невообичаено високи температури и ненадејни силни дождови, доведоа до промени и кај растенијата, што значително забележливо е кај виновата лоза. Од друга страна пак, ваквите временски услови им одат во прилог на штетниците кои ја напаѓаат виновата лоза, го намалуваат или целосно го уништуваат родот.

 

Цветањето на лозјето оваа сезона започна необично рано: 11 – 14 дена порано во однос на просекот за сезоната. Некои вински сорти уште на крајот на мај завршиле со цветањето, додека повеќе од доминантните вински сорти, со цветање завршија изминатиот викенд (Chardonnay, ран рилзинг и други) или завршуваат деновиве (пример Sauvignon и Sauvignon Cabarnet). Почетокот и крајот на цветањето оваа сезона трае многу кратко и завршува 14 дена порано од просечната сезона!

Забележани временски промени во изминатите две седмици:

 

Во последната недела на месец мај доминираше жешко и спарно време. Влажноста на воздухот, тие денови кај лозовите насади беше многу висока, најчесто помеѓу 83 – 86%! Слични, временски услови продолжија и во првите денови на јуни. Карактеристични за овој период се високи дневни температури, силни врнежи во попладневните и вечерните часови и силен ветер, пред појава на грмотевици или невреме.

 

Пламеницата и пепелницата реална закана. Соодветните и навремени мерки – спас за виновата лоза

 

Од крајот на втората половина на мај, а посебно во последните денови на мај, забележливи се првите „активни“ пеги на пламеницата на виновата лоза (Plasmopara viticola) на лисјата на различните вински сорти: Chardonnay, Sauvignon cabernetRan rizling, ŠiponGraševinо! Во последните 10 дена секојдневно присутни се поволни временски услови за секундарни (епидемиски) развој на оваа болест.

Гроздовата пепелница се очекува деновиве

 

Од средината на јуни, исто така се очекува и првата појава на штети од гроздовата пепелница (Erysiphe necator), на тукушто формираните бобинки, особено на слабо заштитените лозови насади на чувствителните вински сорти.

 

Појавата на овие болести е можна, дури и кај насадите каде што се спроведени мерки на заштита. Една од причините е потенцијалната отпорност или резистентност на лозовата пепелница на специфични фунгициди. Ваквата состојба веќе е потврдена со анализи во еден дел во Хрватска (Меѓимурје), уште во 2002, кога е забележано слабо делување на некои триазол – фунгициди, а потоа во 2010 година значително се намалила делотвороста на сите стробилурини, потоа на некои кинолини и комбинирани супстанции.

 

Поради значењето на т.н „точкаста“ и „вкрстена“ резистентност, невозможно е да се даде единствена препорака за секаде, но ваквите резултати ги потврдуваат и други истражувачи во Средна Европа.

 

Според тоа, против пепелницата, потребно е да се спроведува „антирезистентна стратегија на хемиско сузбивање“, при што во текот на сезоната треба да се менуваат различни хемиски состави, додека ризичните активни супстанции треба да се избегнуваат или да се ограничат и да се користат во комбинација со површински фунгициди. Сулфурните фунгициди и мептилдинокап (Karathane Gold) не треба да се мешаат, така што овие подготовки може да бидат фитотоксични за тукушто оформените зрна и површинските делови на младото растение, при температура на воздухот од +28°C.

 

Во процесот на заштита, против пепелницата на виновата лоза (Erysiphe necator), пред и после цветање, предност им даваме на готовите препарати кои претставуваат подготвени комбинации, додека пак кај лозовите насади, каде болеста е забележана и во претходните сезони, потребно е да се изберат нови препарати.

 

Во заштитата против пламеницата (Plasmopara viticola), на крајот или после цветањето, предност им даваме на комбинираните препарати кои содржат фолпет, во препорачаните поголеми количини (Pergado F, Curzate-F SC, Forum Star DF, Mikal Premium F, Ridomil Gold Combi, Fantic-F).

 

Делувајте брзо!

 

Во следните денови се препорачува редовна проверка на здравствената состојба на виновата лоза, така што доколку се забележат првите симптоми за појава на пламеницата, потребно е веднаш да се преземат препорачаните мерки за заштита, независно од развојниот стадиум на виновата лоза (зависно од потребата, препорачаните фунгициди треба да се применат во кратко растојание, односно се аплицираат во растојание од 8 дена).

Доколку се појават првите симптоми на „активни“ дамки на пламеницата (Plasmopara)на лисјата на виновата лоза, секако во програмата на заштита треба да се вклучат фунгициди кои содржат делотворни супстанции, како диматоморф или цимоксанил или мандипропамид или иповаликарб.

 

Црна мувла

 

Во заштитата после цветањето, за превентивна заштита од црната мувла (Botrytis cinerea)  се препорачува, според дадено упатство, примена на еден од специфичните бортрициди, најмногу во два наврати.

 

Гроздовиот молец сеуште безопасен

Иако, годинава забележавме значително помал број од очекуваните пеперутки на презимената популација на сивиот пепеласт гроздов молец (Lobesia botrana), од 30 мај ги наоѓаме неговите ларви, но во многу мал број – под прагот на штетност. Во 2018 година, сеуште не се регистрирани пеперутки на жолтиот гроздов молец (Eupoecilia ambiguella). Овие штетни видови, не беше потребно целно хемиски да се третираат пред почетокот на цветањето.

 

Златна жолтица

Мерки за сузбивање и искоренување на златната жолтица кај виновата лоза

 

Кај виновата лоза опишани се 80 тина различни причинители на болести, а последните години посебно внимание привлекува штетната фитоплазма „Candidatus Phytoplasma vitis“, која предизвикува појава на златна жолтица кај виновата лоза, болест раширена само во Европа. Болеста брзо се шири со пренесување со помош на вектори, како што е америчкиот штурец, така што без спроведување на мерки на заштита, забележителни се големи штети, губиток на родот и пропаѓање на лозата.

 

Исто така, запуштените и неодржувани лозови насади претставуваат голема опасност за ширење на златната жолтица кај виновата лоза. Токму затоа, задолжителна е нивна забрана во одредената област. Освен тоа,опасноста постои на поголемо растојание – во жариштето (1 км) и во сигурносно подрачје од 5км, поради што сопствениците потребно е да ја следат состојбата со американскиот штурец со поставување на жолти, лепливи плочи, како и да преземат мерки за сузбивање на штетникот, преку две апликации на инсектициди – првото третирање да биде после цветањето, а второто после две до три седмици. Ако во текот на јули, се уловат 4 или повеќе возрасни облици на американскиот штурец на една жолта плоча, тогаш на крајот на јули или почетокот на август, потребно е да се изврши трето третирање. Потврдено е дека, американскиот штурец, кој развива само една генерација годишно, се задржува на хибридите на европското и американското лозје, но и на други растителни видови.

Повеќето од дозволените производи за сузбивање на американскиот штурец , се вбројуваат во мноштвото синтетички пиретроиди или комбинирани препарати кои содржат делотворна материја од повеќе пиретроиди. Синтетските пиретроиди брзо ја губат делотворноста на температура поголема од 28°C, така што делотворноста не е поголема од 40%, а истовремено се многу неселективни кон корисните природни непријатели. Употребата на синтетичките пиретроиди не е дозволена кај повеќегодишните насади. Комбинираните препарати, кои покрај синтетичкиот пиретроид, содржат klorpirifos, употребени подоцна во текот на летото, може да предизвикаат несакани последици, односно остаток на пестицидот во гроздот, во текот на бербата. Останатите препарати кои се дозволени, се многу отровни и опасни за пчелите (нивната употреба е дозволена само навечер, кога пчелите не летаат, а цутот мора да ниде отстранет.

Кај лозовите насади, каде што минатата сезона се забележани симптоми на златната жолтица, после цветањето, предност се дава на препаратот Actara WG, со почитување на одредени ограничувања и споменатите мерки на претпазливост.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close