Производителите на мед ќе се регистрираат

Производителите на мед наскоро ќе треба да се регистрираат. Сегашната евиденција не дава целосен увид во производството и во квалитетот. Регистрираните медари пред да го продаваат на пазарот ќе мора да вршат анализа на производот…

Наскоро ќе се регистрираат индивидуалните производители на мед. Со воспоставувањето на регистарот ќе се спречи продажба на производи кои се декларираат како мед, а кои не ги исполнуваат основните критериуми за неговиот квалитет.

Пчеларите кои Агенцијата за храна ги има евидентирано како одгледувачи,  дополнилно ќе бидат известени дека треба да се регистрираат.

Во Македонија има околу 6.000 одгледувачи на пчели и 240.000 пчелни семејства. Во малопродажба има 13 фирми со одобрение да откупуваат и пакуваат, но на зелените пазари и на патиштата медот масовно се продава од нерегистрирани производители.

Медот во маркетите, тврдат од агенцијата за ветеринарство и храна не е фалсификат, но има случаи на отстапувања во квалитетот.

Најголем проблем е продажбата на медот „под тезга“ и на блиски роднини и пријатели.

Share Button