fbpx
Вести

Пролетниот мраз ги намали приносите на мед во Кочанско

pceli

Временските неприлики присутни во кочанскиот регион во изминатите месеци, ги намалија принсоите од мед, а со и приходот на пчеларите од Кочанско. Пролетните мразеви лошо се одразија врз поголем дел од пчелните семејства при што и приносите годинава нема да бидат на задоволително ниво.

– Годината почна лошо уште од самиот старт. Прво имавме студена зима која што предизвика загуби и штети на пчелните семејства, а подоцна и пролетниот мраз придонесе багремот да измрзне во 90% и од него всушност немаше никаков принос. Измрзнаа и сите овошки така што тие неприлики ќе се одразат на пчелите и нема голема надеж за добри приноси, ни изјави Васко Митров, пчелар со големо искуство од с. Теранци,во општина Чешиново Облешево.

Цената за килограм мед изнесува 350 денари, а на големо од 250 до 300 денари за килограм. Поради намалените приноси се очекува и пораст на цената.

Инаку, во однос на активностите кај пчеларниците, Митров истакнува дека ова е период на производство на вештачки роеви, матичен млеч, при што искусните пчелари препорачуваат роевите да се прихрануваат со шеќер.


 

а1он.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close