Расцепканоста на македонското земјоделство- проблем за производството

Проблем за профитабилноста и за производството е што има многу земјоделски стопанства со мали површини за обработка. Трговците и откупувачите повеќе се заинтересирани да купуваат поголеми количини храна и земјоделски производи, што фармерите не можат секогаш да ги понудат…

Македонија има голем број земјоделци кои обработуваат мали површини. Расцепканоста на македонското земјоделство е проблем за поголемо производство и за намалување на производствените трошоци.

Ситните производители мораат самите да се организираат и да работат со однапред договорено производство, порачуваат експертите.

Обработливите површини се во просек од 1,4 хектари, често се поделени, оддалечени од патната инфраструктура и со големи производствени трошоци.

Преработувачите, наместо од индивидуални, повеќе купуваат од поголемите производители, а недоверба меѓу фармерите и конзервната индустрија, го намалува договореното производство, а со тоа ги прави пониски и откупни цени. Искуството досега покажува дека здружувањето во задругите е решение кое дава реални ефекти а земјоделците ги прави поголеми играчи на пазарот.

Share Button