Растот на понудата доведе до најголем пад на светските цени на храната

Цените на прехранбените производи почнуваат да се намалуваат под товарот на премногу големоата понуда, а показателот за цените на глобално ниво предвиде најголем пад за 2018-та година, соопшти „Bloomberg“.

Индексот на цените на храната на ОН забележа намалување од 3,7% за јули – само еден месец откако се повеќе е зајакнатата напнатост поради трговската војна, што помогна цените да тргнат надолу за прв пат од јануари.

Цените на млекото и шеќерот достигнаа врв минатиот месец наспроти позадината на подобрите изгледи за производство и богати резерви на храна.

Дури и загриженоста околу производството на пченица поради големите суши не беше доволна за да се спречи падот на цената на житото.

Намалувањето на цените се забележува кај сите групи на прехранбени производи, а растителните масла достигнаа ниско ниво од пред 30 месеци.

За шеќерот, цените исто така се намалија по подобрувањето на изгледите за жетва на клучните производители, како што се Индија и Тајланд. Ова се добри вести за потрошувачите кои се соочуваат со пораст на вкупните трошоци во последниве години, додека централните банки се обидуваат да ги запрат стапките на инфлација.

Индексот на цените на храната падна на 168,8 поени во јули, според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на ОН.


 

денар

Share Button