Се работи на Меморандум за соработка помеѓу македонското и косовското Министерството за земјоделство

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, во овој период активно работи на заедничкиот Меморандум за соработка помеѓу македонското и косовското Министерството за земјоделство, кој што треба да придонесе за олеснување на трговската размена помеѓу двете земји.

Одлуката од страна на Владата на Косово за воведување времена мерка за воспоставување на зголемена царина од 30 отсто за одредени увозни земјоделски производи (овошје и зеленчук) не e во согласност со заеднички зацртаните цели, како што се брз проток на стока и отстранување на царинските бариери, дефинирани преку Берлинскиот процес.

Дополнително, Косово е претседавач со ЦЕФТА оваа година каде што како три први приоритети во неговата Програма како претседавач  се наведени  олеснувањето на трговијата со стоки, хармонизација на ЦЕФТА пазарите со ЕУ  и креирање на регион без нетарифни бариери и мерки кои ја нарушуваат трговијата.

Од македонска страна сите ресорни министерства, МЗШВ, Министерство за економија и Царинската управа работа на анализи на ефектите од мерката и многу брзо ќе излезат со реакција во однос на воведената мерка, за што ќе бидат известени и членките на ЦЕФТА.

Наша обврска како ресорно министерство е да го заштитиме домашното производство и извозно оринетираните земјоделски производи.

Очекуваме Владата на Косово да ги земе во предвид придобивките од  започнатиот Берлиснки процес и  низ една заедничка дискусија преку разгледување на сите анализи и факти, да  дојдеме до заедничко решение, кое што ќе подразбира олеснување на трговската размена во регионот.

Инаку, се работи за времена мерка која што е насочена кон сите држави кои извезуваат во Косово, и ќе трае 3 месеци. Вкупниот извоз на зеленчук и овошје од Македонија во Косово во периодот од јануари до јуни изнесува над 2,5 милијарди денари.


 

фактор

Share Button