Силвија Маури ќе го средува македонското земјоделство

Светската банка за прв пат по неколку години назначува специјален претставник кој ќе ги спроведува инвестициите во македонското земјоделство.Kонсултантот и експерт Силвија Маури е назначена како одговорно лице за земјоделство во канцеларијата во Скопје, кое од следната недела заедно со МЗШВ ќе работи на анализа на приоритетите кои што може финансиски да ги поддржи во следниот период.

Светска банка започнува со подготовка на новата стратегија за партнерство со Република Македонија, во која што земјоделството е високо на листата на приоритетни сектори, соопшти македонското Министерство за земјоделство.

Ова, според соопштението, било тема на денешниот работен состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со директорот на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели.


 

фактор

Share Button