Слаб е интересот на трговците на струмичките лубеници

Десетици тони бостан и денска останаа непродадени на пазарот во Колешино. Производителите со часови чекаа купувачи на своето производство, но повеќето ги вратија назад. Слаб е интересот на трговците на струмичките лубеници. Градинарите велат дека едвај го обрале половина од вкупниот род, но нема интерес за да се продаде.

Откупувачите информираат дека понудата во овој момент е поголема од побарувачката и затоа се сочуваат со вишоци на пазарот.

Министерот за земјоделство рече дека ја следат состојбата и ако има потреба ќе излезат со конкретни мерки за надминување на проблемот.

Површините под бостан во подбеласичкиот регион постојано се намалуваат. Од година во година се помалку бостан се сади на струмичките ниви. Една од причините е масовното иселување на населението во западноевриопските држави, а втората – несигурниот пласман.


 

телма

Share Button