Со пари од ООН Македонија ќе се бори со климатските промени

Со пари од фондовите на ОН земјава ќе се справува со климатските промени. За таа намена преку тригодишна програма обезбедени се 256.000 евра. Се преговара и за втор проект за развој на земјоделскиот сектор, вреден околу 850.000 евра. Македонија има потенцијал и предуслови за квалитетно и конкурентно земјоделско производство, но тоа не е доволно за поголеми приноси и поквалитетни производи, сметаат надлежните.

Земјоделството и производството на храна имаат важна улога во македонската економија бидејќи учествуваат со 16% во БДП, а во нивна функција е ангажирана дури една третина од работната сила во земјава. Целта на оваа Програма е раст на малите фарми, подобар квалитет на храната и преку прилагодување на климатските промени да се намали ризикот од катастрофи во земјоделството.

Климатските промени во последните години станаа сериозен проблем на глобално ниво, а Македонија не е изолирана. Неколку пати до сега настрадаа посевите на земјоделците, особено во Вардарскиот, Пелагонискиот и Југоисточниот регион.


 

сител

Share Button