Сточарите се жалат растат трошоците за производство на млеко цената паѓа а субвенциите доцнат

Производството на млеко станува неисплатливо. Сточарите се жалат цената на млекото падна на одвај 16 – 17 денари за литар, трошовците растат, а субвенции нема. Земјоделците кои утрово се јавија во утринската програма на Сител велат дека подолго од една година ги чекаат субвенциите од 3,5 денари по литар предадено млеко.

Министерот за земјоделство пак вели субвенциите се исплаќаат редовно како никогаш досега.

И заради ниските цени, но и заради климатските промени кои ги уништуваат посевите, земјоделците предупредуваат дека Македонија станува земја во која се потешко се произведува храна.

Освен сточарите, од стратот на годината со проблеми се соочија и производителите на зелка, праски, домати.  За последните Владата денеска ја потрвди одлуката со која ќе се исплатат дополнителни 4 денари субвенција за секој килограм домати предадени во преработувачките капацитети.

 


 

сител

Share Button