Уделот на земјоделството во БДП зголемен за 5,1

Во првиот квартал од 2018 година земјоделството, шумарството и водостопанството учествуваат со 6,6 отсто во бруто домашниот производ (БДП) што е раст од 5,1 отсто во однос на истиот период лани кога процентот бил 1,5.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, повикувајќи се на Државниот завод за статистика, растот се должи на повисоката откупна цена на земјоделските производи, зголемениот извоз на земјоделско-прехранбени производи, создавањето поволни економски услови за извоз, контролата на увозот на стоки и други фактори.

Според МЗШВ, големо влијание имаат и мерките што се преземаат во делот на субвенциите како навремена исплата, зголемената поддршка за земјоделците со развоен потенцијал, како и поддршката за младите земјоделци.

– Пресметките за првиот квартал од 2018 година уште еднаш потврдуваат дека политикитие на МЗШВ се во насока на развој на земјоделството. Оваа Влада е насочена кон реални проекти, кои ќе дадат реални и одржливи позитивни резултати, стои во соопштението на МЗШВ.


 

фактор.мк

Share Button